Избор Македонија ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Македонско грчкиот комитет одлучи: Учебниците по историја ќе одат под детална ревизија

Охрид, 18. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Претставниците на Македонија и Грција излегоа со заедничко соопштение од четвртиот состанок на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, воспоставен со чл.8.с 5 од Преспанскиот договор.

– Четвртиот состанок на Заедничкиот интердисциплинарен комитет за историски, археолошки и образовни прашања, формиран согласно членот 8 став 5 од Конечната спогодба, потпишан меѓу Македонија и Грција на 17-ти јуни 2018 година во Преспа, беше одржан во Охрид на 17-ти и 18-ти мај 2019 година, стои во соопштението.

– Делегациите на двете страни во конструктивна и колегијална атмосфера извршија детална и сеопфатна ревизијата на наставните планови (курикулумите) по историја, учебниците и помошните наставни материјали (учебни помагала) по историја кои се во употреба во двете земји. Гореспоменатиот материјал треба во најкус можен рок да биде ослободен од какви и да било иредентистички и ревизионистички референци. Врз основа на Преспанскиот договор и во согласност со целите и принципите на УНЕСКО и на Советот на Европа, беше усвоена методологија, опишана во заклучоците, за ревизија на наставните планови (курикулуми) и учебниците. Двете делегации се согласија да го поттикнуваат вклучувањето на повеќе содржини од областа на културата и уметноста во образованието со цел градење на позитивна слика за другиот. Се постигна согласност за временската рамка за примената на наодите на Заедничкиот интердисциплинарен комитет за историски, археолошки и образовни прашања и доставување на релевантните препораки до Советот за висока соработка, стои во заедничкото соопштение. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење