Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Свечено отворен „Фестивалот на новиот германски филм“ во Охрид

Охрид, 19. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, синоќа беше отворено 14-то издание на „Фестивалот на новиот германски филм“.

По свеченото отворање беше прикажана комедијата „100 нешта“ (100 Dinge), а вечерва од 18:00 часот е детскиот филм „Тоби и тајната на нашата планета“ („Checker Tobi und das Geheimnis unseres Planeten“), по што ќе се прикажува и драмата „Патување во Ерусалим“ („Reise nach Jerusalem“), од 20:00 часот.

Утре на програмата од 18:00 часот е детскиот филм „Тим Талер или Продадената смеа“ („Timm Thaler oder Das verkaufte Lachen“), а од 20:00 часот филмот „Во време на намалена светлина“ („In Zeiten des abnehmenden Lichts“).

Фестивалот завршува во вторник, за кога се закажани две проекции. Од 18:00 часот на детскиот филм „Помош, ги смалив моите родители“ („Hilfe, ich habe meine Eltern geschrumpft“) и од 20:00 часот трилер драмата „Крајот на вистината“ („Das Ende der Wahrheit“).

Влезот за сите кино проекции ќе биде слободен.

По 14-ти пат Фестивал на новиот германски филм во Охрид

– Изминатите години атмосферата во кино салите во државата беше буквално европска, неоптеретена, аполитична. Вработените во двете кина не паметат ваква „културна“ гужва, а тоа докажува дека Фестивалот на новиот германски филм од својот почеток до сега се разви во настан кој е почитуван од својата публика, порачуваат организаторите.

Настанот е поддржан од Германската Амбасада, Гете- институт Скопје, ПроКредит Банка и Македонски Телеком, а ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење