Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

„Знам“ – нов сингл на Горан Папаз и Daz Flow (Видео)

Охрид, 19. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – По елегичната „Спомени“, која беше објавена кон крајот на март оваа година, Горан Папаз повторно актуелен, овој пат заедно со Daz Flow и новиот сингл наречен „Знам“.

– Првиот сингл „Разбуди се“, на Горан Папаз и Daz Flow беше вистинско освежување на македонската музичка сцена во далечната 2011-та година, кога се искачи на врвот на македонските топ листи. По точно 8 години, Папаз и Daz создадоа нова песна наречена „Знам“. Песната е работена во студиото на Танче Гроздановски, автор на музиката е Папаз, за аранжманот и продукцијата се погрижи Танче Гроздановски, а текстот е напишан од страна на Daz Flow. Ова лето се очекуваат многу новитети од Папаз и Танче кои неодамна го најавија албумот „Елегија“, информира Папаз.

Ова е само продолжување на успешната кариера на охридскиот музичар. На покана од Католичката црква, неодамна тој беше специјален музички гостин и настапи пред Папата Франциск за време на неговата посета на Македонија. Настанот се одржа во дворот на Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде Папата имаше екуменска и меѓурелигиска средба со младите. Папаз настапи заедно со црковната музичка група „Агапе“, со која се претставија со три композиции.

Image may contain: Goran Papazz, beard and eyeglasses

Папаз го најавува и новиот албум насловен „Елегија“, кој музички ќе биде многу поразличен од она што до сега го работеше.

– За овој проект решив да работам на песни кои за мене лично имаат поголема уметничка вредност. Немав намера да го „бркам“ тој комерцијален звук за да биде поприфатена од радио станиците. Очекувањата ми се да биде прифатена од одреден круг на луѓе, луѓе кои ги нарекувам музички сладокусци, вели Папаз.

Image may contain: 1 person

Повеќе за Папаз од интервјуто за Супер радио и OhridPress ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење