Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец домаќин на меѓународен натпревар по англиски и германски јазик

Охрид, 19. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Основното училиште „Ванчо Николески“ од Лескоец, овој викенд беше домаќин на Меѓународeн натпревар по англиски, германски и француски јазик – Willkommen.

Овој натпревар е дел од проектот „Со знаење низ Европа“, со цел да се популаризира учењето на странските јазици во основните и средните училишта.

No photo description available.

– На натпреварот учество зедоа ученици од Охрид, од V- IX одделение и се натпреваруваа по англиски и германски јазик, каде беа тестирани нивните јазични вештини – читање и пишување. Натпреварот го организираа и технички подготвија наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска и наставничката по германски јазик Жаклина П. Митковска, а информираат дека на сите ученици кои учествуваа ќе им бидат доделени меѓународни сертификати за познавање на странскиот јазик во кој се натпреваруваа. Willkommen натпреварот се реализира во ист ден во Црна Гора, Хрватска, Република Српска, Босна и Херцеговина, Романија, Унгарија, Србија и во нашата држава, а нам како училиште навистина ни е чест што бевме дел од овој меѓународен проект, кој од година во година има сѐ поголем број на учесници и партнери. Резултатите од овој меѓународен натпревар се очекуваат во рок од 30 дена, а учениците кои ќе победат имаат можност да добијат убави награди, патување во Виена, речници, граматики, медаљи, сертификати или потврди за учество, информираат од училиштето.

Тимот за организирање на овој натпревар и вработените од ОУ „Ванчо Николески“ на сите ученици учесници им посакуваат успех, како и желба да продолжат со својата љубов кон учење и негување странски јазици. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење