Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Тешка сообраќајка на патот Охрид-Кичево, загина едно лице

Охрид, 20. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што се случи нешто по 14:00 часот, во близина на селото Добреноец, на магистралниот пат Охрид-Кичево.

– Еден лице го загуби животот. Во незгодата учествувале две возила со кичевски ознаки, едното е „Фолваген Пасат“, а другото е „Сузуки Марути“. Има и повредени патници, но засега нема информација за колку лица станува збор, изјавил портпаролот на охридската полиција, Стефан Димоски, пренесе Макфакс.

Во моментов се врши увид предводен од јавен обвинител и полициски екипи. Има застој во сообраќајот во двата правци. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење