Избор од Уредникот Охрид ТОП ВЕСТИ

Chef Giorgio Diana ќе одржи Мастер часови по готвење на ФТУ

Охрид, 20. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Светски познатиот шеф, готвачот кој е носител на престижната Мишелин ѕвезда, Џорџо Дијана повторно е во Охрид.

– Од утре повторно се дружиме со Chef Giorgio Diana во Охрид. Во текот на наредните денови, тој ќе одржи неколку Мастер часови по готвење на Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ), каде ќе ги презентира новите техники на готвење со конзервирање на храната, пастеризација на продуктите, спорото готвење, како и важноста на новите техники и методи на готвење во кујната на модерните ресторани и хотели.

Џорџо Дијана заедно со Раду Занеску и Џорџо Костиќ во октомври минатата година беа дел од манифестацијата Taste Ohrid, кога приготвува нови специјалитети со локални производи. Тогаш Дијана потенцираше дека за да се подготви добра храна, не се потребни многу состојки, туку многу љубов и трпение. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: TasteOhrid

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење