Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Пијано концерт во чест на Св. Кирил и Методиј во црквата „Св. Софија“

Охрид, 20. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, на 24-ти мај, во чести на Св. Кирил и Методиј, во црквата „Св. Софија“ ќе се одржи пијано концерт на растечката генерација на пијанисти.

Традиционално и оваа година, со настапот на младите уметници ќе се одбележи празнувањето на сесловенските просветители. Воведна реч ќе одржи проф. д-р Красимира Илиевска.

Ќе настапат: Девид Малик, Николај Петкоски и Владимир Србиноски под менторство на проф. м-р Даниел Чуркоски, Ана Гаштаровска, Викторија Митеска, Александар Ташев, Њомза Џафери, Анастасија Кочева и Фросина Трајковска под менторство на проф. д-р Ана Гацева.

Влезот е слободен, а концертот ќе започне во 19:30 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење