Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Меѓународна регулаторна конференција за новите цени за роаминг во Охрид

Охрид, 21. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Денес и утре во Охрид ќе се одржи Меѓународна регулаторна конференција на која шест држави од Балканот ќе ги договораат новите цени за роаминг.

Од јули ќе поевтинат разговорите за 50 до 70 проценти со Србија, Црна Гора, БиХ, Албанија и Косово. Ова поевтинување е поизвесно зашто се прави под закрила на Европската комисија. За овие теми, а особено за новите цени, претставници на шесте земји ќе разговараат во Охрид, во рамките на конференцијата која ќе се одржи во хотелот „Метропол“.

Бугарија во 2017 година најави дека ќе биде првата земја членка на ЕУ во која за Македонците нема да наплаќа дополнителни роаминг трошоци за мобилни разговори, пораки и интернет. Сепак тоа, до овој момент остана само на хартија.

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) до грчките колеги достави предлог за намалување на цените во роаминг за околу 70 отсто, што треба да стартува од 1 јули. Но, дали ќе се прифати од грчките оператори се уште е неизвесно.

Од АЕК велат дека нема интерес од Грција, но дека постои политичка волја меѓу двете земји. За да се натераат грчките оператори да ги снижат цените за Македонците, грчката Влада ќе прави законски измени за да може регулаторот да им наметне новите, поевтини цели на операторите. Ова решение е реципрочно, ќе важи и за грчките туристи кои ќе ја посетат нашата земја. (Крај)

извор: Нетпрес/ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење