Забава Избор

Шерпас по 24-ти пат го освои Монт Еверест

Непал, 22. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Непалскиот шерпас Ками Рита Шерпа по 24-ти пат се искачи на Монт Еверест, соборувајќи го претходниот рекорд.

Како што соопштија локалните власти, тоа било негово второ искачување на највисокиот врв на светот за една недела.

Ками (49) го освои врвот висок 8.850 метри на традиционалната рута на југоисточниот гребен, изјави претставничката на непалскиот Оддел за туризам, Мира Ачарија. Тој планира уште еден таков потфат пред да се повлече.

Трасата која ја установиле Новозеланѓанецот Едмунд Хилари и шерпасот Тензинг Норгај во 1953 година и натаму е најпопуларната патека што води до највисоката точка на светот.

Двајца други планинари, исто така шерпаси, се искачија на Монт Еверест по 21-ви пат, по што обајцата се повлекоа од активно искачување на врвот. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење