Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривични пријави против две лица вработени во друштво за шпедиција

Кичево/Охрид, 22. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, поднесе кривична пријава Р.Џ.(49) од Охрид како и против М.М.(42) за сторено казнено дело „злоупотрба на службена положба и овластување“.

Р.Џ како вработен во друштво за шпедиција од Охрид, во текот на 2016 година изработил лажен договор за купопродажба на патнички автомобил „Ауди“ и обезбедил фотокопија од исправа на странска сообраќајна дозвола за предметното возило. Документацијата ја употребил пред Бирото за метрологија-Скопје како и пред Царинска управа-подружница Охрид врз основа на која била издадена царинска декларација.

Второпријавениот во натамошна постапка, приложил документација не заверени кај надлежен странски орган и нотар во РСМ и без доказ за платени царински давачки и своерачно потпишал согласност за регистрација на автомобилот. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење