Избор Култура ТОП ВЕСТИ

„Господ постои, името ѝ е Петрунија” в сабота премиерно во Охрид

Охрид, 22. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридска премиера на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска.

Овој филм беше единствен наш претставник во официјалната конкуренција на Берлинскиот филмски фестивал, учествуваше и на други фестивали, а освои и неколку награди. Доби две престижни награди на Ecumenical Award и Guild Film Prize. Првата се доделува за да се оддаде почит кон оние уметнички дела што сведочат за моќта на филмот во откривањето на мистериозните длабочини на човекот. Guild Film Prize, пак, ја доделуваат членови на жири комисија кои се дел од Асоцијацијата на германската уметничка кинематографија AG Kino – Gilde e.V, а воедно се и менаџери на арт-кина.

На почетокот на месецов на филмскиот фестивал „Деа“ во Тирана освои две награди и тоа главната награда за најдобар филм и наградата за најдобра женска улога која ја доби Зорица Нушева за нејзината восхитувачка интерпретација на Петрунија.

„Господ постои, името ѝ е Петрунија” во Охрид ќе се прикажува в сабота, 25-ти мај во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:00 часот. Влезницата е по цена од 150 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење