Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Aperitivo Night со познатиот шеф Џорџо Дијана во Охрид

Охрид, 22. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во склоп на второто издание на манифестацијата Taste Ohrid вечерва ќе се одржи Aperitivo Night со познатиот шеф Џорџо Дијана.

– Доживејте едно незаборавно кулинарско искуство и пробајте ги аперитиво специјалитетите на Мишелин готвачот шеф Џорџо Дијана. Бесплатната дегустација ќе започне во 21:00 часот, а сите заинтересирани е потребно претходно да направат резервација на 070 990 991, порачуваат организаторите.

Настанот ќе се одржи во хотелот „Су“.

Дијана заедно со италјанскиот угостителски експерт Андреа Бијаџини одржуваат мастер часови и своите искуства ги пренесуваат на студентите по гастрономија на ФТУ, готвачите, менаџерите и сопствениците на охридските угостителски објекти.

Покрај практичните обуки од затворен карактер, љубителите на гастрономијата ќе имаат можност да ги пробаат специјалитетите од славниот готвач Џорџо Дијана и во рамки на часовите на отворено кои ќе се одржат утре пред хотелот „Су“. Сите домашни и странски гости во Охрид ќе имаат можност во прекрасниот амбиент покрај Охридското Езеро да ги вкусат специјалитетите, но и во живо да проследат како тече процесот на подготовка на храната од страна на Мишелин готвачот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење