Избор Општина Дебрца Спорт ТОП ВЕСТИ

Традиционален атлетски крос на учениците од ОУ „Дебрца“

Дебрца, 23. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Учениците од ОУ „Дебрца“ денеска го одржаа традиционалниот атлетски крос.

Терминот за одржување е за патрониот празник на училиштето, 11-ти ноември, но поради временските услови беше преместен за овој период.

Учествуваа ученици од второ до деветто одделение, во машка и женска конкуренција, а трчаа на 300 и 1.800 метри. На трката од 1.800 метри поддршка даде и ја истрча и градоначалникот на општината Зоран Ногачески.

Настанот беше организиран од училиштето, под покровителство на општина Дебрца, од каде и ги обезбедија наградите, велосипеди за првопласираните и спортска опрема и тренерки за второ и трето место.

Наградени ученици:

Од трето до петто одделение
Машки:
1. Андреј Ристовски
2. Бојан Тупанчески
3. Климент Митрески и Андреј Наумоски

Женски:
1. Јована Тодороска
2. Ангела Карадак
3. Анабела Нелоска

Од седмо до деветто одделение

Машки:
1. Ненад Левески
2. Кристијан Трајаноски
3. Димитар Митрески

Женски:
1. Надица Секулоска
2. Тамара Трајческа
3. Мартина Чолеска (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење