Избор од Уредникот На кафе со... Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Јосифоски: Работиме напорно за првото издание на Таеквондо турнирот „Ohrid OPEN 2019“ да помине во најдобар ред

Охрид, 17. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, во сабота, на 1-ви јуни ќе се одржи првиот Национален Таеквондо турнир „Ohrid OPEN 2019“, во организација на охридскиот клуб „Хваранг Фист“.

Клубот е под раководство на Ацо Јосифоски, V дан, Светски семи-контакт и европски Таеквондо шампион, повеќекратен освојувач на медаљи од европски и светски првенства.

– Во Охрид за прв пат се организара еден ваков турнир, затоа што станува збор за олимписко Таеквондо и се работи икслучиво електронски, што значи дека целиот натпревар е базиран на електронски систем на бодување, а исфрлени се и старите правила, спред кој судиите впишуваат поени, па подоцна е спорно што виделе, а што не, истакна Јосифоски, кој беше денешен госитн во емисјата Radio Corner на Супер радио.

Супер радио: Како клуб се имате натпреварувано на голем број национални и меѓународни Таеквондо турнири. Стекнатото искуство ќе го пренесете на „Ohrid OPEN 2019“. До каде се подготовките околу организацијата на настанот?

Јосифоски: Веќе еден месец се подготвуваме турнирот и точно е дека искуството кое го имаме стекнато од вакви натпревари, сакаме да го примениме тука. Инаку во Охрид за прв пат се организара еден ваков турнир, затоа што станува збор за олимписко Таеквондо и се работи икслучиво електронски, што значи дека целиот натпревар е базиран на електронски систем на бодување, а исфрлени се и старите правила според кои судиите впишуваат поени, па подоцна е спорно што виделе, а што не. Но поради тоа и одговорноста за нас, како организатори е поголема. Работиме напорно за се‘ да помине во најдобар ред, подготовките се пред крај, остануваат уште некои работи кои треба да му дадат финеси на самиот турнири. На 1-ви јуни, во Спортската сала „Билјанини извори“ сме подготвени да ги пречекаме сите натпреварувачи.

Image may contain: 1 person, sitting and phone

Супер радио: Колку натпреварувачи и од кои земји очекувате да земат учество на првиот Национален теквондо туринр во Охрид?

Јосифоски: Бидејќи ова е прво издание на турнирот очекуваме од 150 до 200 натпреварувачи, претежно од македоснките клубови, но и од земјите од регионот, од Србија, Црна Гора, Албанија и Бугарија. Големо влијание на самиот турнир има тоа што настанот се поклопува со уште еден спортски настан, па имавме натпреварувачи кои сакаа да земат учество на турнирот, но претходно веќе се пријавиле за „Охрид Трчат“. Од следната година ќе внимаваме турнирот да не се поклопува со други спортски настани.

Супер радио: Пријавувањето е завршено или се‘ уште е во тек?

Јосифоски: Пријавувањето се одвива електронски и може да се направи најдоцна до 28-ми мај. Влезници за турнирот нема, така што секој кој што сака може да го проследи во живо во спортската сала „Билјанини извори“.

Image may contain: one or more people and people sitting

Супер радио: Во колку категории се поделени борбите?

Јосифоски: Застапени се сите старосни категории, имаме пионери во две категории, од 6-8 години и од 9-10 години, кадетите се од 11-13 години, јуниори од 14-17 години и најатрактивната категорија, сениорите од 18-39 годишна возраст.

Супер радио: Турнирот ќе може да се погледне насекаде во светот преку OnLine Stream. Тоа го практикуваат и останатите организации на ваков тип турнири?

Јосифоски: Благодарение на Супер радио ќе има интернет пренос во живо од самите борби. Ова е ептен погодна алатка за сите оние кои поради одредени причини не можат да ги бодрат и гледаат натпреварувачите на лице место. На натпреварите кои сме ги посетиле live stream преносот не е многу популарен, обично организаторот сака се‘ да заврши брзо и прецизно. Ние како организација сакавме да додадеме вредност на турнирот. Знаете некогаш дури и јас не можам насекаде да ги следам моите натпреварувачи исто и родителите, па според мене видео преносот е многу значен и во иднина ќе станува се‘ поактуелен.

Супер радио: За да се организара еден турнир потребни се и финансиски средства. Кој се‘ Ве поддржа од овој аспект?

Јосифоски: Само со пари ништо не може да се постигне, па затоа не се само финансиите, туку многу важен е тимот и нивниот ентузијазм во организацијата. Јас сум презадоволен од сите кои се вклучени, но сепак како што кажавте важни се и потребните финансии. Благодарност за Општина Охрид што ни ја обезбеди спортската сала „Билјанини извори“, потоа Супер радио за live stream-от, гостилница „Кај Мече“, кафе бар „Инстинкт“, бутик „Емили“, АСП Охрид, Астра Дизајн, Милчо Донески и уште многу други покровители кои помогнаа Охрид да стане спортски побогат за уште еден настан. Верувам ќе ги оправдаме и нивните очекувања и средствата со кои помогнаа да се случи „Ohrid OPEN 2019“.

Image may contain: 2 people, people sitting

Супер радио: Во Тирана, Албанија, на почетокот на месецов се одржа 8-миот по ред Меѓународен Теквондо турнир „Top Tirana OPEN“, на кој борците на охридски „Хваранг Фист“ постигнаа забележителни резултати. На што се должи одличнототоиздание на охридските спортисти?

Јосифоски: Тренинзите во клубот „Хваранг Фист“ се на многу високо ниво. Прво, поради тоа што јас како тренер сум светски шампион и освојувач на многу медали, имам учествувано на многу турнири од кои имам стекнато и многу искуство, а тоа искуство полека, но сигурно го пренесувам на своите ученици. Турнирот „Top Tirana OPEN“ на некој начин беше како генерална проба пред „Ohrid OPEN“, затоа што како домаќини треба да се покажеме во најдобра форма. Од пет натпреварувања во Тирана, освоивме три златни и два сребрени медали.

Супер радио: Што по „Ohrid OPEN“, кој е Вашиот следен предизвик?

Јосифоски: По „Ohrid OPEN“, на 22-ри јуни имаме уште еден турнир во Охрид, во организација на клубот „Хваранг ИТФ“ од Лескоец. Потоа имаме уште едно големо натпреварување во Пловдив, Бугарија, тоа е Светското ИТФ првенство, кое ќе се одржи кон крајот на август.

Eмисијата Radio Corner се емитува секој работен ден од 12:00 до 14:00 во живо од Sky Corner. Водител е Александра Алексијевска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење