Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Избега затвореник од струшкиот затвор

Струга, 23. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 22-ри мај оваа година, во Полициската станица во Струга, овластено службено лице од Казнено поправната установа – Затвор Струга, пријавило дека на 21-ви мај 2019 година во 21:50 часот, од затворот избегало лицето С.А. кој бил на издржување на затворска казна.

– Полициската станица од Струга презема мерки за пронаоѓање на затвореникот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење