Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка на патот Охрид-Кичево, загина моторциклист

Охрид, 23. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Едно лице загина во сообраќајна незгода која денес се случи во близина на селото Другово, на патот Кичево-Охрид.

Од  СВР Охрид информираат дека се работи за тешка сообраќајка помеѓу мотор и тешко товарно возило, во која моторциклистот починал.

Медицинска екипа како и екипи на МВР се излезени на терен. Со деталите за собраќајката МВР ќе излезе во текот на утрешниот ден.

Поради случената сообраќајна несреќа на патот кон Охрид, пред клучката што ги поврзува Демир Хисар и Битола, сообраќајот беше во прекин. (Крај)

извор: МКД.мк фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење