Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески нема напред, а Охрид и охриѓани ги враќаат назад и само назад

Охрид, 23. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески нема напред, а Охрид и охриѓани ги враќаат назад и само назад, порачаа денес од ВМРО-ДПМНЕ.

– По објавениот јавен повик во јануари за поднесување барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги граѓаните се’ уште чекаат на таа мерка. Зошто градоначалникот Георгиески не обезбедува остварување на социјална заштита нa охриѓани со мерките за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици? Корисниците за социјална помош, постојана парична помош и невработените се излажани. Наместо 670,00 денари месечно за секој корисник на субвенцијата тие добиваат исти сметки од Јавните претпријатија како останатите граѓани. Ова ли е односот којшто го ветуваше Георгиески за граѓаните? Скоро половина година ќе помине, а крајот на февруари заврши повикот за субвенционирањето на трошоците за комунални услуги кој требаше да се однесува за периодот од 1 јануари заклучно со 31 декември 2019 година. Со СДСМ и Георгиески нема напред, нема никакво покривање на трошоците за потрошена вода за пиење, за спроведување на отпад, за одведување на отпадни и атмосферски води како и за плаќање на гробна такса. СДСМ и Георгиески се’ што ветија – излажаа и тие мора што побрзо да си заминат за доброто на Охрид, порачаа од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење