Избор Партии ТОП ВЕСТИ

Арсовски: Во Охрид гради кој кај ќе се стигне, без легална постапка

Скопје, 23. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Владата на СДСМ, како на локално така и на централно ниво, покажува целосна негрижа за културното и природното наследство во Охрид.

– По триесет години откако Охрид беше ставен на листата на УНЕСКО како заштитено подрачје, ризикува да биде избришан поради бизнис и политичките интереси на власта на Зоран Заев и СДСМ. Во Охрид се гради кај ќе се стигне, без план и без легална постапка, а тоа не го гледаат само охриѓани, тоа го гледаат и сите граѓани во Република Македонија, но како што можете да зебележите, и светската експертска јавност од УНЕСКО, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

– Имено, да ја потсетиме јавноста дека само пред неколку месеци Зоран Заев манипулира со граѓаните на Охрид за изградбата на 32 метри високото минаре на Али-пашината џамија, која е споменик на културата. Оваа изградба, која се врши спротивно на прописите, го загрозува овој објект, кој, повторуваме, е споменик на културата и таа со месеци никој не ја стопира иако експертите и граѓаните цело време алармираат. Да потсетиме и за случајот со хотелот во Лагадин за кој Заев лично се заложи да биде изграден иако тој прекршува 12 закони и се наоѓа во заштитените 50 метри од брегот на езерото, што директно го загрозува овој природен заштитен појас, кој, меѓу другото, е и еден од условите Охрид да биде на листата на УНЕСКО, рече Арсовски.

Сличен случај е и, додаде тој, самоволието што владее во градот во старото јадро на градот, каде што во старата охридска чаршија непосредно до чинарот се гради дива тераса и сето тоа се толерира од власта само поради партиските интереси на власта, односно само поради тоа што има претходен договор со актуелниот градоначалник на Охрид. Патем, рече Арсовски, во овој случај биле нападнати и две инспекторки од Управата за заштита на културното наследство, како и медиумска екипа, која известувала за случајот и, нормално, за тоа никој ниту се извини ниту понесе одговорност. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото/видео: ВМРО-ДПМНЕ

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење