ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

По препорака на УНЕСКО се отстрануваат палмите во Охрид

Охрид, 23. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Една од препораките во извештајот кои ги добивме од УНЕСКО, а кој треба да биде разгледан на 43-та сесија на Комитетот за културно наследство што ќе се одржи наредниот месец во Баку, беше и внимателно зачувување на автентичноста и интегритетот, на архитектонската и урбанистичката кохерентност на Охрид.

Притоа од УНЕСКО препорачуваат да се избегнува користење на форми и материајли кои не се карактеристични за подрачјето и флората, како што беа палмите засадени пред неколку години, но и да се избегне користење на големи комерцијални билборди со кои се нарушваат визурите на градот.

Во Охрид, во рамки на кампањата на Владата на Никола Груевски за садење палми, преку ЈП „Македонски шуми“ пред неколку години беа засадени над 200 палми во градот на источното крајбрежје на езерото, од кои што поголемиот дел се исушија и покрај тоа што беа покривани со специјални заштитни платна.

Денеска почна нивното отстранување од централното градско подрачје. (Крај)

извор: Либертас фото: Либертас

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење