Избор Македонија Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

Заев ги разреши сите претседатели на Општинските организации на партијата

Скопје, 23. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Целосна кадровска смена на локалните организации во владејачката СДСМ објави премиерот и претседател на партијата Зоран Заев.

Тој донел одлука да бидат разрешени 78 претседатели на Општински организации. Оние кои работеле добро и имале добар изборен резултат ги охрабри повторно да се кандидираат за партиските структури.

– Со разрешување на претседателите на општинските организации, паѓаат извршните одбори на локално ниво, затоа што тие се формирани на предлог на претседателите на општинските организации. Верувам дека сето ова ќе предизвика едно возобновување на севкупниот амбиент на луѓе кои што се доста експонирани. Постојат за да бидат добра алка за премостување и решавање на проблемите на граѓаните, се со конечна цел сите да учиме од своите слабости и да бидеме уште подобри во периодот кој што постои пред нас. Секако следат одлуки за промени во највисокото раководство, во другите повисоки органи и тела на партијата, буквално на секое ниво, истакна премиерот Заев.

Премиерот Заев ја најави оваа одлука, односно т.н. „метла“ меѓу двата изборни круга поради лошиот резултат на претседателските избори, но и поради непотизам во партиските редови.

Претседател на Општинската организација на СДСМ во Охрид од септември 2017 година беше бизнисменот и угостител Лазе Танески. (Крај)

извор: Сител фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење