ЕКОЛОГИЈА Избор Избор од Уредникот Охрид ТОП ВЕСТИ

Наумоски: До предлогот за ставање на Листата на загрозено светско наследство на УНЕСКО дојдовме поради наша неодговорност

Охрид, 24. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Епитетот „Охрид – град на УНЕСКО“ што го добивме пред 40 години е големо признание, но и обврска да се сочува градот, езерото, архитектурата.

Последната препорака во извештајот да бидеме ставени на Листата на загрозено светско наследство на УНЕСКО е поради нашата неодговорност, смета екологистот Лазо Наумоски, во интервју за Супер радио и OhridPress.

Според него од многу поодамна требало да се внимава во однос на населувањето на градот.

– Треба да водиме сметка да се сочува езерото, флората и фауната и градот Охрид, градбите да бидат под конторола, да нема дивоградби, да се сочува старата архитектура, да не биде загрозено струењето на атмосферските движења и требаше одамна да се внмава да не дојде до брзо населување на градот Охрид, да се направеше план за изградба на предградие на Охрид како што е во европските и светски градови. Имаме и проект за заштита на Охридско Езеро, кој не го оправда неговото постоење. Требаше да се направат и мини пречистителни станици на сите населби, водата што се влева во езерото да биде чиста, за да не се доведедеме во ваква ситуација да бидеме критикувани, да ни се дава „жолт картон“, дециден е Наумоски.

Охрид есен 1Пропустите се веќе направени, сега треба да се санираат и решаваат. Тој ја поздрави одлуката да се откажеме од идејата за изградба на ски центар на Галичица, нешто за што и самиот имал изготвено извештај, кој го доставил до делегацијата на УНЕСКО во 2017 година, со аргументи зошто истиот да не се гради.

– УНЕСКО не следи, какви проблеми имаме и какви акции преземаме. Според мене одлуката за пренасочување на реката Сатеска е грешка. Потребно е целосно да се развие сливното подрачје на Охридското езеро и тоа да влезе под заштита на УНЕСКО. Како што знаеме има номинација и албанската страна од езерото да биде заштитена. Што се однесува до колекторот, државата формира јавно претпријатие, но езерото сеуште нема концесионер. Па, дали можеби Владата размислува таа да стопанисува со рибниот фонд, во езерото да нема ловење со мрежи, туку само спортски риболов, вели Наумоски.

Тој е децицен дека до ваква ситуација дојдовме од самата наша неодговорност, кадарот кој се одбира, начинот на кој го користиме езерото, рибниот фонд, нефункционирање на колекторот и немањето мини пречистителни станици во селските населби.

Наумоски е со став дека во Баку ќе ни биде даден „жолт картон“, ќе бидеме опоменати да се мобилизираме и да ги решиме проблемите, за да не дојдеме во ситуација што никој не ја посакува, а тоа е губење на статусот на подрачје заштитено од УНЕСКО. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење