Избор Култура Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид го чествува Денот на Сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

Охрид, 24. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – И оваа година со пригодна програма Охрид го одбележува Денот на Сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј.

Програма започна вчера напладне со Свеченост по повод Патрониот празник на СОСУ „Свети Кирил и Методиј“.

Денес, во 10:30 часот е предвидена Панихидата за светите браќа. Во Домот на културата „Свети Кирил и Методиј“ во Кошишта ќе се одржи фолклорен концерт на КУД „Ѓердан“. Во 11:00 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј. На манифестацијата пред споменикот на Св. Кирил и Методиј во центарот на градот, ќе се обрати Претседателот на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска, ќе се доделат награди за најдобрите ученици од основните и средните училишта, а предвидена е и богата културно-уметничка програма.

Пијано концерт во чест на Св. Кирил и Методиј во црквата „Св. Софија“

Во црквата „Света Софија“, од 19:30 часот ќе се одржи концерт на растечката генерација македонски пијанисти под уметничко раководство на проф. д-р Ана Гацева и проф. м-р Даниел Чуркоски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење