ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

Нова кампања на „ЕУ за ТЕБЕ“ во Струга и Охрид: „За чисто како дома исто“

Охрид/Струга, 24. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Амбасадорот на Европската Унија Самуел Жбогар во понеделник, на 27-ми мај ќе ги посети Струга и Охрид, како дел од патувачкиот ЕУ автобус.

За време на посетата, амбасадорот Жбогар ќе има дебата со средношколците за „Визијата на младите за Европската Унија“, проследена со велосипедско родео за најмладите.

Караванот ќе продолжи во Охрид каде амбасадорот Жбогар ќе го објави почетокот на нова кампања под брендот „ЕУ за ТЕБЕ“. Кампањата се навраќа на основите со цел ја подигне свеста за заштитата на животната средина. Секој треба да води грижа за животната средина онака како што се грижи за домот.

Граѓанските иницијативи и активистите веќе го започнаа пролетното чистење на земјата и „ЕУ за ТЕБЕ“ го поддржува еко-активизмот во државата со слоганот „За чисто како дома исто“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење