Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

Свикана 27-та седница на Советот на општина Охрид

Охрид, 24. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска ја свика 27-та седница на Советот на општина Охрид.

Истата ќе се одржи во четврток, на 30-ти мај со почеток во 11:00 часот, во зградата на општина Охрид.

Седницата има 45 точки на Дневниот ред, меѓу кои се предлог-иницијативата за изменување на Статутот на општина Охрид, предлог-одлуката за давање согласност на статутарната одлуката за измени и дополнување на Статутот на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ од Охрид, предлог-одлуката за проширување на средствата на буџетот на општина Охрид за 2019 година, предлог-одлуката за усвојување на извештајот за реализација на програмата за уредување на градежно земјиште за периодот од 01.01. до 31.03.2019 година, предлог-одлуката за усвојување на извештајот за реализација на програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2019 година за периодот од 01.01. до 31.03.2019 година, предлог-одлуката за усвојување на извештајот за остварување на буџетот на општина Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2019 година, предлог-одлуката за усвојување на финансискиот извештај на МЈП „Проаква“ од Струга, РЕ „Водовод“ – Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2019 година, предлог-одлуките за усвојување на извештајот од работењето и остварените резултати на охридските Јавни претпријатија и др.

Комплетниот Дневен ред ОВДЕ. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: ОхридПрес

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење