Избор Локална самоуправа

Одложена подготвителната информативна сесија за извештајот за Охридскиот регион

Охрид, 24. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за животна средина ја одложи подготвителната информативна сесија за Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Планот за управување со природно и културно наследство во Охридскиот регион, која беше закажана за 27-ми мај 2019 година во Охрид.

Без разлика што оваа средба значи рано вклучување на јавноста во изработка на документот увидена е потребата од дополнување на Нацрт-планот. За терминот на нејзиното одржување јавноста ќе биде дополнително известена.

Подготвителната информативна сесија се организира во согласност со препораките на Архускиот жалбен комитет и член 6 од Архуската конвенција за рано вклучување на засегнатата јавност во процесот на донесување на одлуката за Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион и има за цел запознавање на засегнатата јавност со процесот, податоците со кои се работи и документите кои се користат или секциите кои се подготвени, а за кои е потребно рано информирање на засегнатата јавност. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење