Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

МВР: Во незгодата кај Другово настрада 28-годишен жител на Зајас

Кичево, 24. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти мај 2019 година, околу 13:30 часот на регионалниот пат Кичево-Охрид, кај кичевското село Другово, се случила сообраќајна незгода во која животот го изгуби едно лице.

– Незгодата се случила помеѓу товарно моторно возило „Мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управуванo од страна на 63-годишниот Г.Т. од струмичкото село Куклиш и мотоцикл марка „Сузуки“, со кичевски регистарски ознаки, управуван од 28-годишниот К.А. од кичевското село Зајас. На пат кон Клиничкиот центар во Скопје, во возило на Итната медицинска помош, К.А. им подлегнал на повредите. Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица од Кичево, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење