Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево со умерена облачност и температура до 21. степени

Охрид, 25. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност и топло. Ќе дува слаб до умерен западен ветер, особено изразен во западните делови.

Попладне во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 21. степени.

– Во наредните денови ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, главно во западните планински подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен дожд, освен во понеделник кога на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и ќе дува засилен југоисточен ветер, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење