Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Денес во Охрид ќе се одржи планинската трка „Ohrid Trail“

Охрид, 25. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Денес во Охрид ќе се оджи спортската манифестација „Ohrid Trail“, планинска трка за промоција на Охрид и Галичица.

Планинското трчање е спорт кое е мешавина од планинарење и трчање на долги дистанци, најчесто се одвива во национални паркови, во заштитени зони, во природни резервати и низ места кои изобилуваат со ретка убавина. Предвидени се две планински трки на 35 и 60 километри. Пријавени за учество се 151 учесник од 15 земји. На големата трка ќе учествуваат 57, а на малата 94 натпреварувачи.

Планинската трка е во организација на Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за спорт“ и планинарското здружение „Трекс“.

Трката на 60 километри ќе започне во 08:00 часот го опфаќа целиот гребен на планината Галичица и се минува низ најинтересните делови од планината.

Малата трка која стартува од автокампот „Елешец“ во 10:00 часот ќе им се приклучи на групата од големата трка. Финишот на двете трки е на градскиот плоштад. Временскиот лимит на трката за 60 километри изнесува 15 часа, додека за малата 9 часа. Победникот на малата трка се очекува да пристигне за три и пол часови, а најдобриот во големата трка за шест и пол часови.

За поддршка на манифестацијата се ангажирани 60 волонтери, а за безбедноста ќе се погрижи Планинарската спасителна служба. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење