Избор Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Св. Епифаниј Кипарски

Охрид, 25. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ-ОА (Јулијанскиот календар) денеска е 12-ти мај, Денот на Св. Епифаниј Кипарски.

Епифаниј беше по род Евреин, но откако ја увиде силата на Христовата вера се крсти заедно со сестра му Калитропија. На свои 26 години се замонаши, а подоцна основа и свој манастир. Неговите подвизи, мудроста и дарот на чудотворство го прославија низ цела Палестина и Египет. Бегајќи од човечката слава тој се сретна со свети Пафнутиј, кој му прорече дека ќе биде епископ на Кипар. Така и се случи по некое време.

Во неговата 60-годишна возраст беше и против негова волја избран за епископ во градот Саламина, со чија црква управуваше 55 години. Се упокои во 403 година во длабока старост. (Крај)

извор: МПЦ-ОА/МИА фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење