Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид може: За операцијата на Мила се потребни уште 10.000 долари

Охрид, 25. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Потребни се уште 10.000 долари за третата операција на двегодишната Мила која боледува од церебрална парализа.

Од потребните 25.000 долари за третата операција на ова слатко девојче досега се собрани околу 15.000 долари.

Врз неа веќе се извршени две операции, а помошта е потребна за третата, која чини 25.000 долари. За лекување на дистрофијата на мозокот, мора да се изврши операција во Пухуа, интернационалната клиника во Пекинг, Кина, што е можно поскоро. Охриѓание повторно покажаа дека се со големо срце и помагаат кога тоа е најпотребно. Се спроведоа многубројни настани, интерни донации на граѓани, но и на компаниите, а акции одржаа и охридските млади музичари со концерт на Градскиот плоштад во Охрид.

Image may contain: 1 person, text

Во понеделник, на 3-ти јуни, на Cuba Libre beach & bar ќе се одржи хуманитарен концерт за помош на малата Мила Димоска од Охрид. Со надеж дека сите заедно ќе успееме да ја вратиме безгрижната насмевка кај Мила, на концертот ќе настапат: Дамјан Пејчиноски, Ѓоко Танески, Јован Куцин, The Backdoor Band и Петар Маркоски. Влезниците ќе се продаваат по цена од 150 денари.

Image may contain: 1 person

Сите хумани луѓе кои сакаат и можат да помогнат, истото можат да го направат со вртење на телефоните: VIP 143 123 и TELEKOM 070 143 143.

Линкот за донации до GoFundMe ОВДЕ.

Сметка за донации:
Мила Димоска, ул. „Богомилска“ бр. 53, 6000 Охрид
Охридска Банка – АД Скопје – 530500021204351
матичен број: 2112016455202
IBAN CODE: МК07530280005506949
SWIFT: OHRIDMK22 (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење