Спорт

Мициќ останува уште две сезони во Ефес

Истанбул, 25. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Одличната сезона во која тој ги предводеше до финалето на Евролигата го „натера“ Анадолу Ефес да му даде двегодишно продолжување на договорот на Василије Мициќ.

25-годишниот плејмејкер, кој беше драфтуван од Филаделфија сиксерс, имаше фантастична сезона и беше на мета на повеќе европски клубови, како Реал Мадрид, но Србинот реши да остане во Истанбул.

Иако не се дадени детали за договорот, се очекува во него да има клаузула за излез доколку Сиксерс решат да го однесат во НБА, но се очекува дека тој барем следната сезона ќе биде член на турскиот клуб.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење