Забава

Old School Techno вечерва во Discoteque Park во Охрид

Охрид, 25. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Втората Old School Techno забава ќе се одржи вечерва во Discoteque Park во Охрид.

– Почитувани љубители на Techno и House музиката, наша голема чест е да ве поканиме да присуствувате на втората забава во Охрид за 2019-та година. Ќе биде незаборавна, во најмала рака. Дојдете и забавувајте се со нас до раните утрински часови во чест на отворањето на новата летна сезона за 2019-та година. Придружете ни се да заедно ги почувствуваме одличните звуци, да придонесеме сите кон страста и лојалноста према нашите пријатели од глобалната музичка фамилија. Ова е за сите rave-ри кои сакаат и знаат да уживаат во совршената хармонија со звукот на електронската музика. Посетете ја оваа незаборавна забава за да го искусите заедничкото задоволство како и славење на ноќниот живот, порачуваат од Discoteque Park.

DJ`s Line Up:

DJ Dzany (Old School Music & The Godfather Records)

DJ Noodles (Old School Music & The Godfather Records)

Kristijan Nestoroski aka Dj Nasty Deluxe, Dj Nasty deluxe Group (Techno-Agency, City of Drums Recordings / Munich / Germany, CONFETTI DIGITAL / London / UK, Super radio Ohrid)

Philip Ackowsky (Old School Music | Techno-Agency) (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење