Забава Избор Култура Струга ТОП ВЕСТИ

Петар Грашо и Даниела Мартиновиќ на отворањето на 10-та Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“

Вевчани, 4. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со концерт на хрватските поп легенди Петар Грашо и Даниела Мартиновиќ, на 22-ри јуни во ресторанот „Виа Игнација“ во Вевчани ќе биде отворено 10-то издание на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“.

– Уживајте во вонвременските рефрени на Грашо и Мартиновиќ во комбинација со неверојатна гастрономска понуда, во автентичниот амбиент на ресторанот, порачуваат од „Виа Игнација“.

Вевчанската ликовна колонија годиниве наназад прерасна во манифестација која е препознатлива ширум светот. Дела од оваа колонија се изложувани и во големи светски центри како Москва и Њујорк, но и во Софија, Подгорица, Скопје, но и низ други градови во Македонија, каде предизвикаа голем интерес кај публиката. Организаторите се грижат секоја година да канат и познати музички имиња за отворањето на оваа манифестација. Минатата година Жељко Самарџиќ и Драган Мијалковски со посебен концерт ги отворија „Вевчанските видувања“. Годината пред тоа гостуваше Тереза Кесовија и многу други познати имиња.

Информации и резервации сите заинтересирани можат да добијат на телефонот 071/305-416. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење