Скопје/Охрид, 11. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Утрово се сретнав со семејството на 11-годишниот Борче Лазаревски од Охрид, чија сторија беше неодамна објавена во медиумите, објави на неговиот профил на Facebook министерот за здравство во Владата на Република Македонија д-р Венко Филипче.
– Борче има вродено срцево заболување, а во наредниот период за него ќе се направат сите дијагностички испитувања по што ќе се одлучи на кој начин ќе се одвива понатамошното лекување. Сите здравствени услуги за Борче се бесплатни. Ќе направиме сѐ за да ја подобриме неговата здравствената состојба, објави министерот Филипче. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ФБ Венко Филипче
Прочитано: 11