Охрид, 9. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден во 1914 година во Охрид е роден Иван Точко, истакнат современ македонски писател и новинар.
Автор е на збирките раскази „Бојана“, „Акорди“, „Прстен“, „Раскази“, „Лебедова песна“, „Премиера“, како и на новелите „Вино за душите“ и „Грев“. Последно негово објавено дело е драмата во осум сцени „Плуто“.
Учесник бил во НОВ на Македонија. Работел како новинар во „Нова Македонија“, во Радио Скопје, а бил и уредник на списанието „Македонија“.
Почина во Скопје, на 12-ти ноември 1973 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 80