Забава Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Врвниот Џез гитарист и композитор Звонимир Тот во недела во Jazz Inn

Охрид, 6. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Врвниот Џез гитарист и композитор Звонимир Тот, кој воедно е и професор на џез академијата во Чикаго во недела ќе одржи концерт во охридскиот клуб Jazz Inn.

Тот има одржано голем број на концерти со познати американски и европски џез изведувачи, а гостувал и на повеќе Џез фестивали во САД, Мексико, Германија, Холандија, Хрватска, Португалија, Белгија, Шпанија, Унгарија и многу други држави. Настапувал со врвни светски џез музичари како: Chris Potter, Scott Hamilton, Billy Harper, Jamey Aebersold, Peter King, Larry Novak and Larry Vuckovich, Patricia Barber, Jackie Allen, Carmen Lundy и многу други. Има снимено многу албуми кои се одлично прифатени од слушателите на џез музиката. Негови најпознати албуми се: Standards Live at the Jazz Showcase (Groove Art Records, 2016), Eloquent Silence (Chicago Sessions, 2009) и Travels and Dreams (Groove Art Records, 2004), информриаат организаторите.

Во култниот охридски Jazz Inn ќе настапи во придружба на македонските џез ѕвезди Тони Китановски на гитара, Кирил Туфекчиевски на бас и Славчо Коцев на тапани.

Билетите по цена од 200 денари се продаваат во Music Shop ZZ Top и во Jazz Inn. Резервации на телефонот 078/662-117. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење