ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Избрани најубавите дворови во Охрид

Охрид, 6. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Женски центар “Бисера” ги избра најубаво уредените дворови и дворни површини.

Жири комисијата одлучи наградите оваа година да одат кај: Миладинка и Јордан Анчески на ул. Радојца Новичиќ бр. 114, Николина Николоска на ул. Сирма Војвода бр. 14 и Методи Кешкоски на ул. Галичица бр.11.

На добитниците им се доделени признанија и палми, спонзорство од ЈП „Охридски комуналец“.

Женскиот центар „Бисера” конкурсот го распиша по повод 5-ти јуни – Светскиот ден на животната средина со цел да се поттикнат граѓаните да дадат свој придонес за почист и поуреден Охрид, во пресрет на туристичката сезона. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ЖЦ “Бисера”

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење