Избор ОБРАЗОВАНИЕ Општина Дебрца Охрид ТОП ВЕСТИ

Завршна активност од Проектот „Различни, а сепак исти“ на ОУ „Дебрца“

Охрид/Белчишта, 6. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Заврши и последната активност од проектот „Ралични, а сепак исти“ на Основното училиште „Дебрца“.

Како дел од активностите предвидени за последната фаза, учениците беа во посета на католичката црква „Свети Кирил и Медодиј и Свети Бенедикт“ и црквата Свети Климент и Пантелејмон- Плаошник во Охрид.

Активностите од овој проект се реализираа во четири етапи. Првата се реализираше во текот на месец октомври, кога учениците заедно со своите наставници беа во посета на Шарената Џамија во Тетово и црквата Свети Спас во Скопје, во која се наоѓа и гробот на Гоце Делчев. При посетата на верските објекти, учениците имаа можност да дознаат нешто повеќе за културата и традицијата на македонскиот народ и заедниците, за историјата на настанувањето на верските објекти, нивниот изглед и намена. Потоа следуваа работилници во училиштето.

– Проектот е во реализација на наставничката Татјана Митаноска- одделенски наставник, Сања Наковска-психолог и Ирена Протуѓер- одделенски наставник со учениците од одделенска настава од нашето училиште, а во соработка со останатите одделенски наставници и директорот на училиштето. Активностите ги помогна и општина Дебрца со градоначалникот Зоран Ногачески кој го обезбеди превозот на учениците до Тетово и Скопје. Целта на овој проект е да покажеме уште еднаш дека различностите не поврзуваат, и не прават побогати. Знаејќи ја вредноста на животот и потребата од човечност, со ова покажуваме дека треба да се избришат предрасудите и стереотипите ада се возвеличува алтруизмот и љубовта кон сите, информираат од училиштето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење