Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид меѓу градовите каде се спроведува експерименталниот проект за дуално образование

Скопје, 6. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Дуалното образование треба да ја усогласи големата разлика што сега постои меѓу кадарот на располагање и реалната потреба на економијата.

Во соработка со компании тоа веќе постои како експериментален проект во средни училишта во пет општини (Скопје, Кавадарци, Прилеп, Велес и Охрид) и опфаќа околу 200 ученици, но идејата на Владата е да стане системски и составен дел од средното стручно образование.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на трибина за предизвиците и идните чекори во дуалното образование, што денеска ја организираа Стопанската комора на Македонија и Европска бизнис-асоцијација, истакна дека искуствата се земаат од развиените земји, како Австрија, Германија, Швајцарија, но тие ќе се приспособат во модел соодветен на нашите услови и потреби.

Учениците ќе бидат вработени во компании уште додека се школуваат – ќе имаат одредени денови во седмицата кога во средните стручни училишта ќе следат теоретска настава, а во останатите денови практично ќе се едуцираат во компаниите. За разлика од развиените земји каде што во дуалното образование се вклучени цели паралелки, во нашиот, приспособен модел паралелките ќе бидат мешани и, како што рече Анѓушев, во секој град точно ќе се детектира какви се потребите на секоја компанија. Ученикот ќе учи и ќе работи во исто време, и во периодот на учењето ќе добива плата што законски ќе биде регулирана, и ќе биде здравствено и пензиско осигурен.

Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)

извор: МИА фото: МИА

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење