Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид ќе добие Иновативен хаб во рамките на Факултетот за туризам

Охрид, 6. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Утре напладне, на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид ќе биде свечено отворен Иновативниот хаб во рамките на факултетот, а ќе се изврши и презентација на јавниот повик за финансирање на проекти за новоосновани трговски друштва „Старт-ап“ и „Спин-оф“ од југозападниот регион.

На настанот ќе се обратат Јован Деспотовски, директор на ФИТР и проф. д-р Сашо Коруновски, ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Станува збор за дел од проектот „Иновативен Еко-Систем во областа на прекуграничната соработка“, финансиран од Европската комисија, застапувана од Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија, во кој покрај ФИТР, се спроведува во соработка со Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ), EuroPartners Development и National Agency of Scientific Research and Innovation (ARTI).

Проектот се состои од воспоставување на иновациска инфраструктура за трансфер на „know-how“ технологии помеѓу стартапи и МСП во областите на прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија. Главната цел на предложената акција е да помогне во воспоставувањето на прекуграничен иновативен екосистем за МСП и стартапи во рамките на постојниот образовен и бизнис контекст. (Крај)

извор: inovativnost.mk фото: inovativnost.mk

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење