Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Се одјави Dr. John, човекот кој ни ја подари Litanie des Saints

Њу Орлеанс, 7. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Mac Rebennack, пијанист, пејач, продуцент и автор на бројни антологиски песни, човекот кој е попознат како Dr. John и кој успеа да им го всади звукот на New Orleans во срцата на многу генерации, почина вчера на 77 годишна возраст.

Неговото семејство, преку официјално соопштение до јавноста соопшти дека починал од срцев напад, без да прецизираат каде. Последните години од животот тој ги помина на јужниот брег на езерото Pontchartrain.

Резултат со слика за Mac Rebennack Dr. John

Mr. Rebennack беше дел од музичките волшебници на New Orleans, заедно со Professor Longhair, James Booker, Huey (Piano) Smith и Fats Domino.

Сними повеќе од 30 албуми, меѓу кои и неколку jazz проекти („Bluesiana Triangle“, од 1990 година, со тапанарот Art Blakey и саксафонистот David Newman), соло пијано албуми („Dr. John Plays Mac Rebennack“, од 1981 година) и неговата верзија на Afropop („Locked Down“ од 2012 година). Неговиот албум од 1989 година „In a Sentimental Mood“, му ја донесе првата од шесте Grammy Awards, за неговиот дует со Rickie Lee Jones во „Makin’ Whoopee!“.

Неговиот единствен Top 40 сингл „Right Place Wrong Time“, се искачи на 9-тата позиција на Billboard листата во 1973 година. Во 2011 година го доби своето заслужено место во Rock & Roll Hall of Fame.

На нашите простори е најпознат по Soulfull Warrior и секако антологиската Litanie des Saints.

Malcolm John Rebennack Jr. е роден во New Orleans на 21-ви ноември 1940 година. Неговата мајка, Dorothy (Cronin) Rebennack, работела како манекенка, но и во некоја локална музичка продавница. Mac, како што го викале најблиските, бил фотогенично бебе и неговата слика била искористена за опаковката на еден популарен сапун во тоа време, Ivory Soap. (Крај)

извор: The New York Times фото: Tony Cenicola/The New York Times

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење