Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Според IMDb „Chernobyl“ е најдобрата Тв серија на сите времиња

Лондон, 7. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – ТВ серијата „Chernobyl“, која на храбар и застрашувачки начин не води низ настаните кои довеадоа до најстрашната нуклеарна катастрофа во историјата, според оцените на IMDb е најдобрата Тв серија на сите времиња.

Емитувањето на оваа мини серија која има само пет епизоди беше завршено на 3-ти јуни, а просекот на кориснички оцени се искачи на 9,7 од можни 10 ѕвездички. Овој просек се темели на повеќе од 140.000 оцени, што е сериозна бројка и говори за релевантноста на истата.

Со тоа серијата „Chernobyl“ го зазеде првото место и ги надмина популарните серии како што се „Breaking Bad“, „Planet Earth“, „Band of Brothers“, но и „Game of Thrones“, чија просечна оцена беше 9,3.

– Наместо да западнат во шокантни пресврти, писателот Craig Mazin и режисерот Johan Renck создаваат една вознемирувачка нелагодност, која провејува низ сите пет епизоди, напиша познатата Тв критичарка Caroline Framke.

Серијата „Chernobyl“ ги опишува настаните пред, за време на настанот, но и по катастрофата која се случи на 26-ти април 1986. година. Станува збор за експлозијата во еден од реакторите во нуклеарната централа во Украина, по што радиоактивните честички се проширија преку воздухот до Белорусија, Русија и Украина, се’ до скандинавските земји и западна Европа.

Резултат со слика за chernobyl serija

Серијата е снимена во Украина и Литванија, а главните улоги ги толкуваат: Jared Harris, Stellan Skarsgard и Emily Watson.

Популарноста на серијата донесе и вистински туристички бум во Чернобил. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

повеќе:

Дел од глумците во „Чернобил“ неверојатно потсетуваат на вистинските херои и антихерои

 

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење