Економија Избор од Уредникот Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид на второ место во државата по слободни работни места, најмногу ги има во трговијата на големо и на мало

Охрид, 7. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охрид е меѓу градовите со најмногу слободни работни места во државава. Најголемиот број од нив се нудат во трговијата на големо и на мало и во преработувачката индустрија.

Според податоците кои денес ги објави Агенцијата за вработување, во трговијата на големо и на мало се регистрирани 2.037 слободни работни места, а 1.557 во преработувачката индустрија.

– Понудата на работни места, пак, во Скопје е најголема и во главниот град се евидентирани 5.071 слободни работни места. Следуваат Охрид со 462 и Тетово со 307 слободни места за работа. Најбарани професии, според денешните податоци на АВРМ, се обезбедувачи, продавачи и чувари. За овие професии има побарувачка на пазарот од 632.570, односно 523 лица за чувари. Инаку, во април годинава бројот на невработени во државава изнесувал 103.083 лица, а под ставката „други“ кои бараат работа, АВРМ регистрира 88.578. Или, вкупната бројка изнесува 191.661. Минатата година, во април, бројот на неработените изнесуваше 101.762 лица, а на „другите“ 88.897, информираат од Агенцијата. (Крај)

извор: Агенција за вработување фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење