Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Со иновативниот центар на ФТУ младите ќе можат да ги валоризираат своите бизнис идеи

Охрид, 7. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Преку иновативната училница, отворена на охридскиот Факултет за туризам и угостителство, младите ќе можат да ги валоризираат своите идеи и да отворат успешен бизнис.

Иновативниот хаб ќе им помогне на новооснованите трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“ од југозападниот регион да ги презентираат своите проекти и истите да бидат финансирани од европски пари.

Ваквите иновативни простори каде треба да се случуваат развојните процеси се всушност точки од каде во еден град тргнуваат процесите на развој на нови технлогии и иновативност. Знаењето и иновативноста се основни двигатели на едно општество, на една земја, потенцира ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, проф. д-р Сашо Коруноски.

– Многу земји кои пред 20-на години биле во неразвиени, преку иноватиовност, а пред сé поттикнување и вложување во знаењето, стигнале на врвот на светскииот развој. Ние како универзитет заедно со скопскиот УКИМ, Фондот за иновации и технолошки развој и партнерите универзитети од Албанија и тамошниот иновациски фонд, опремивме две училници за иновативност, кои се опремени, кои ќе бидат логистика. Иста ваква училница има во Корча, со другите унив и фондови правиме мрежа која ќе функционира. Ако идејите се оценат добро стоиме зад нив. Ќе бидат објавени конкурски на кои ќе може да аплицираат старт ап и спин оф друштва. Ова е добро за Охрид, бидејќи иновативноста се врзува со IT секторот и други бизниси. Но, таа е насекаде, потребна е и во туризмот и угостителството и во сектори во кои не ни помислуваме дека е потребна. Иновативноста го движи развојот на секоја гранка и сектор, подвлече Коруноски.

Партнер во проектот „Иновативен Еко-Систем во областа на прекуграничната соработка“, финансиран од Европската комисија, застапувана од Делегацијата на Европската унија во земјава е и Фондот за иниовации и технолошки развој (ФИТР). Се обидуваме сретсвата што ги нуди Владата да ги доближиме до крајните корисници. Младите се целна група, неслучајно е избрана локацијата токму на факултетот бидејќи тука е една од поголемите критични точки, вели директорот на Фондот, Јован Деспотовски.

– Отворањето на иновативен хаб е продолжување на серијата активности кои веќе ги реализираме, а тоа е децентрализирање на дел од функциите кои ги нуди Фондот. Ова е прва ваква програма што Владата ја реализира, досега преку Фондот беа отворени повици за аплицирање на сите компании, постепено работиме на рамномерен регионален развој. На последниот повик од 500 апликации околу 35 се од југозападниот регион, веќе имаме зголемен инетерес. Од претходните повици веќе 13 фирми од југозапад користат средства од фондот. Има фирма конкретно од Охрид која развива иновации во делот на машинска индустрија. Креираат свои машини кои ги користат за свои потреби, а веќе имаат во план дел да пласираат и на странски пазар, истакна Деспотовски.

Утре ќе биде објавена програмата за финансирање на старт ап проекти која ќе биде исклучиво наменета за фирми и млади луѓе од југозападниот регион. Станува збор за околу 2 милони денари, а максималната сума што може да ја добие еден апликант е 400 000 денари.

Проектот „Иновативен Еко-Систем во областа на прекуграничната соработка“, финансиран од Европската комисија, застапувана од Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија, во кој покрај ФИТР, се спроведува во соработка со Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ), EuroPartners Development и National Agency of Scientific Research and Innovation (ARTI).се состои од воспоставување на иновациска инфраструктура за трансфер на „know-how“ технологии помеѓу стартапи и мали и средни претпријатија (МСП) во областите на прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија. Главната цел на предложената акција е да помогне во воспоставувањето на прекуграничен иновативен екосистем за МСП и стартапи во рамките на постојниот образовен и бизнис контекст. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење