Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Охрид веќе „мириса“ на лето, чаршијата исполнета со гости од Холандија, Турција, Јапонија…

Охрид, 8. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охрид, најголемиот туристички центар во државава полека започнува да „мириса“ на лето.

Чартер летовите придонесуваат градот да биде солидно исполнет во пресрет на сезоната. Чаршијата денес беше исполнета со гости од Холандија, Турција, Јапонија, но и бројни гости од соседните земји, Бугарија, Грција, Албанија и Србија, кои се традиционални посетители.

Убавото време придонесе за впечатокот и ќе биде вистински мотив за гостите да го посетат градот под Самуиловата тврдина.

Охрид е пред уште една летна сезона, а туристичките работници се надеваат на полни раце работа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење