Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Во среда се отвора 6-то издание на „Вдиши театар“

Охрид, 9. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со перформанс и изведбата на претставата „Домино“, следната среда, на 12-ти јуни ќе биде отворено шестото издание на  Меѓународниот аматерски театарски фестивал „Вдиши театар“.

– Се крчка „Вдиши театар“ по 6-ти пат. Оваа година, свеченото отварање на фестивалот ќе се случи на 12.06.2019 година во 20:30 часот во предворјето на црквата „Св. Софија“. Фестивалот ќе го отворат младинците од театарската група при Црвен крст Охрид со перформанс и претстава „Домино“. На сцената ќе излезат 25 младинци кои изминативе 3 месеци активно ги следеа театарските креативни работилници. На работилниците со младите се работеше на стекнување вештини за концентрација, движење и импровизација во простор, освестување на мускулите и сите делови на телото, креирање ликови, креирање приказна, работа со техника на глас, дикција, итн. Покрај тоа што младите преку овие работилници учеа за културата и односот кон театарот како уметност, тие ја зајакнаа и својата социјална интелегенција. Во рамки на овогодинешните подготовки за „Вдиши театар“ се реализира и тридневен едукативен камп во едукативниот центар во Велестово, под водство на Јован Цветкоски, Весна Терзиоска и Јованска Сион Доленц, информираат од Црвен крст.

Image may contain: 3 people, people smiling, people standing, sky and outdoor

Image may contain: 3 people, people smiling, people sitting, child and outdoor

Image may contain: 2 people, people smiling, people sitting, child, table and outdoor

Image may contain: one or more people, people standing and outdoor

Повеќе за „Вдиши театар“ од интервјуто на Весна Терзиоска за Супер радио и OhridPress. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење