Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична за жител на Велешта кој поседувал пиштол и муниција без дозвола

Струга, 9. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46-годишниот С.Ф. од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

– На 29-ти јануари 2019 година во село Велешта, од страна на полициски службеници при извршен претрес во домот и другите простории на пријавениот бил пронајден и одземен пиштол „ВЗОР“ калибар 7,65 мм и рамка со пет куршуми, за кои истиот не поседувал соодветна дозвола, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење