ЕКОЛОГИЈА Избор од Уредникот Охрид ТОП ВЕСТИ

Давид Оберхубер, директор на ГИЗ: Забелешките на УНЕСКО се основани, Охрид мора да има различен третман

Скопје/Охрид, 9. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – За жал, забелешките и предупредувањата на УНЕСКО се основани. Со години сме сведоци на забрзана урбанизација на градот и уништување на крајбрежјето на Охридското Езеро, вели директорот на ГИЗ за Македонија и за Косово, Давид Оберхубер, за загрозувањето на охридското крајбрежје во интервју за „Независен“.

– Изгледа дека препораките од последната мисија на УНЕСКО во 2017 година сè уште не се целосно испочитувани, а сите се надеваме дека ќе видиме реакција што поскоро. Како едно од 38-те мешани подрачја на УНЕСКО, дел од светското културно и природно наследство, Охрид мора да има различен третман. Можеме да го разбереме економскиот притисок што овој град го чувствува: недостаток на економски можности, високата стапка на миграција и стапката на невработеност, особено кај младите. Сепак, различните и конфликтни интереси треба да се решат и во интерес на идните генерации да се договорат начините за одржлив развој, вели Оберхубер.

Според него, богатото природно наследство на Охридското, Преспанското и Скадарското езеро и важноста за неговото зачувување и одржливо користење се во фокусот на неколку регионални проекти на ГИЗ кои имаат за цел прекугранично управување со природните ресурси на езерата во согласност со целите на ЕУ за заштита на животната средина и биолошката разновидност.

– Ги советуваме локалните заедници, организациите за заштита на природата и риболовните здруженија како да преземат мерки за заштита на биолошката разновидност и подобрување на еколошкиот квалитет на езерата. Риболовните регулативи се усогласија, со што се промовира одржливоста на риболовните активности преку границите, додава Оберхубер.

Комплетното интервју ОВДЕ. (Крај)

извор: Неависен фото: Независен

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење