ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охридските гимназијалци планинареа на Галичица (Фото)

Охрид, 10. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридските гимназијалци и оваа година останаа верни на традицијата и годинава планинареа на Галичица.

Пролетното планинарење се одржа во рамки на спортската проектна активност планинарење, со што се заокружија две децении од почетокот на овој проект.

Повеќе од 10 000 ученици ја поминаа стазата од месноста Два јавора до селото Велестово по различни временски услови, со што ги зајакнаа својата издржливост и карактер.

– Се дружеа, се запознаа со убавините на Галичица и екологијата. Многу од нив продолжија активно да се занимаваат со планинарење, а на некои тоа им е и животна определба. Благодарност до сите инволвирани во процесот. Продолжуваме понатаму, велат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Наум Јамандиев

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење