Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Распишан тендерот за три нови патарини, меѓу нив и за автопатот Кичево-Охрид

Скопје/Охрид, 10. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Владата распиша тендер вреден 15,3 милиони евра за изградба на три нови патарини „Арбиново“ на автопатот Кичево-Охрид и „Кадрифаково“ и „Преод“ на автопатот Миладиновци-Штип.

Сумата е обезбедена со заем од Европската банка за обнова и развој, а во истата влегуваат и трошоците за обезбедување електронска наплата кај рампите „Миладиновци“, „Глумово“, „Желино“, „Тетово“ и „Гостивар“ меѓу Скопје и Гостивар.

Операторот треба да биде познат до октомври, а најмногу за 12 месеци да се изградат 3-те нови патарини и да се примени електронската наплата. (Крај)

извор: Курир фото: Курир

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење